Додека Копенхаген ги пречека Македонците со своето препознатливо северно сивило, дожд и тмурни облаци, една посебна светлина се појави низ улиците на данската престолнина. Нашата репрезентација вечерва ќе истрча во својата втора комбинација – новиот Адидас жолт дрес кој зрачи со енергијата на македонското сонце.
Жолтиот дрес против данското сивило
Фотографиите кои пристигнаа од Копенхаген изгледаат моќно и симболично. Новата жолта комбинација, со која „рисовите“ вечерва ќе истрчаат на „Паркен“, како да го донесе македонското сонце во срцето на Данска. Додека градот е завиткан во магла и дожд, овој дрес зрачи со енергија и оптимизам, потсетувајќи не на топлината и пркосот што ги носиме со себе.
Се надеваме дека токму ова македонско сонце силно ќе заблеска и на теренот. Веруваме дека оваа жолта боја ќе биде нашиот талисман кој ќе донесе победа во оваа тмурна Данска и ќе ни го осветли патот кон толку посакуваното Светско првенство!
Погледнете ги фотографиите од новиот дрес низ улиците на Копенхаген:



