Триумфот на Интер Мајами во МЛС Купот минатата сабота е лесно да се гледа само преку призмата на Лионел Меси и неговата глобална магија. Сепак, како што сведочи новинарот Симон Еванс, еден од ретките кои беа на претставувањето на почетокот на овој проект, приказната за Интер Мајами е многу повеќе од еден фудбалер – тоа е патување од „корoв до круна“ кое сега го претвори клубот во светски бренд.
Почнувајќи од нула, Дејвид Бекам знаеше дека мора да постигне две клучни цели за да успее во уникатниот фудбалски пазар на Јужна Флорида.
Бекам мораше да создаде клуб со филозофија „Латино на прво место“ за навистина да се поврзе со огромната заедница составена од Кубанци, Аргентинци, Колумбијци и Бразилци. Ова значеше дека не смееше да биде само уште еден просечен МЛС клуб кој само преведува на шпански. Изборот на името „Club Internacional de Fútbol Miami“ беше првиот јасен сигнал.
Втората цел беше: Мора да се оди на ГОЛЕМО. Без разлика на латино-филозофијата, ако производот на теренот беше просечен, клубот ќе изгубеше интерес. Потпишувањето на Меси, а потоа и на неговите легендарни соиграчи Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез, го направи Интер Мајами сè освен типичен МЛС тим.
Како мал, но генијален детаљ, изборот на розовата боја на клубот, која на почетокот креваше веѓи, се покажа како епски потег. Сега, кога ќе видите розов дрес каде било во светот, веднаш знаете дека тоа е Интер Мајами. Во преполн пазар, тие станаа глобален бренд.
I was there that day, in the ruins of old Lockhart Stadium, which looked like the set of a zombie movie. Then Beckham and Jorge Mas strolled in like prophets preaching about a dream. And it happened. pic.twitter.com/aBp09sE0hX
— Ari Odzer (@ariodzernbc6) December 8, 2025
Од скептицизам до шампиони: Сведоштвото на Симон Еванс
Подемот на клубот е особено впечатлив кога ќе се погледне назад. Како што сведочи новинарот Симон Еванс, кој бил присутен на самиот старт: „Имаше само десетина од нас од медиумите кои се појавивме на стариот Локхарт Стадион во март 2019 година, за да ги слушнеме Бекам и Мас како објаснуваат дека ќе изградат привремен терен на урнатините обраснати со коров на стариот стадион. Скептици беа многумина“.
Но, тие успеаја. Во април следната година, Интер Мајами ќе го отвори својот нов, модерен дом, Мајами Фридом Парк, како актуелен шампион во МЛС.
Додека „помошната екипа“ на Меси се насочува кон пензија, главната задача е сега да се осигура дека последните сезони на Аргентинецот ќе ги изградат темелите и ќе создадат наследство за клубот да напредува и без него. Тоа нема да биде лесно. Но, како што заклучуваат сите, никој не би се обложил против Бекам, Мас и Меси.




