Од НБА до НАСКАР: Мајкл Џордан влезе во историјата на уште еден спорт, со судска победа од 4-3 против ривалот!

Објавено:

Легендата на кошарката, Мајкл Џордан, веќе е икона во НБА. Но, по драматичниот судски процес во САД, тој сега може да се додаде на листата на историски фигури и во авто-трките, откако постигна значајна победа што засекогаш ќе ја промени структурата на НАСКАР.

Во текот на девет студени утра, Џордан, во улога на косопственик на тимот „23XI Racing“, секојдневно поминувал повеќе од осум часа во федералниот суд во Шарлот. Тој не бил само набљудувач, туку главна фигура во антимонополската тужба која неговиот тим и „Front Row Motorsports“ ја поднесоа против НАСКАР, обвинувајќи ја серијата за незаконско монополско однесување.

Без неговите длабоки џебови за финансирање на масивните судски трошоци и без неговата незаситна желба за победа, оваа тужба, која никој претходно не се осмелил да ја поведе против фамилијата Франс која ја основала НАСКАР, никогаш немало да се случи.

Извор: https://www.sportico.com

Крај на монополот и трајни франшизи

Мисијата на Џордан, да го зајакне и да воспостави партнерство со НАСКАР, а не да го уништи, беше постигната. Како што пренесува „The Athletic“, по постигнатата спогодба во четвртокот, НАСКАР веќе никогаш нема да биде ист.

Суштината на победата: На тимовите им се даваат трајни „чартери“ (лиценци), слични на франшизите во другите големи лиги. Претходно, овие лиценци (кои носеа загарантирана исплата од околу 12,5 милиони долари годишно) истекуваа, принудувајќи ги тимовите да прифатат „земи или остави“ понуди од НАСКАР.

Кога таква понуда се појави во септември 2024 година, 13 од 15-те сопственици на тимови се чувствуваа под притисок да потпишат, а дел од сведочењата ја опишаа ситуацијата како „пиштол вперен во глава“. „23XI“ и „Front Row“ беа единствените кои одбија и поведоа тужба, која го разниша НАСКАР, откривајќи штетни интерни комуникации и тајни финансии.

Иако не е изненадување што Џордан на крајот победи, оваа спогодба не им користи само на неговиот тим и „Front Row“. Од четвртокот, сите тимови ќе ги добијат истите трајни услови за чартери. Со други зборови, Џордан, Дени Хемлин и Боб Џенкинс, им подарија постојани франшизи на целата НАСКАР заедница.

Со исчезнувањето на неизвесноста околу истекот на лиценците, се очекува дека вредноста на овие чартери ќе се удвои, па дури и зголеми за повеќе пати во наредните години.

Извор: https://www.sportspro.com

Партнерство наместо уништување

Иако Џордан можеше да го турка случајот до крај и можеби да го демонтира НАСКАР, неговата намера никогаш не била тоа. Како што сведочеше за време на судењето, тој зборуваше за создавање „поголемо партнерство“ меѓу тимовите и НАСКАР.

„Единствениот начин овој спорт да расте е да најдеме синергија помеѓу двата ентитета, и мислам дека стигнавме до таа точка. За жал, беа потребни 16 месеци за да стигнеме овде, но мислам дека ’ладни глави’ нè доведоа до точка каде што навистина можеме да работиме заедно и да го развиваме овој спорт“, изјави Џордан по постигнувањето на спогодбата, стоејќи рамо до рамо со претседателот на НАСКАР, Џим Франс.

Џордан не е во НАСКАР поради парите, тој е доживотен фан кој ја гледа секоја трка и влезе во спортот спротивно на советот од неговиот менаџер, иако очекуваната годишна добивка во 2021 година беше само 900.000 долари. Неговата определба да се бори за фундаментални промени го направи историска фигура во уште еден спорт.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено