Официјално: Керик потпиша до 2028 година со Јунајтед!

 

Објавено:

По неколкугодишна агонија и уште еден неуспешен тренерски експеримент, Манчестер Јунајтед конечно реши да му верува на човек кој ја знае душата на клубот. Мајкл Керик, кој во јануари дојде како „пожарникар“ да го спасува она што остана по отказот на Рубен Аморим, денес официјално е промовиран во перманентен менаџер на „Црвените ѓаволи“ со договор до 2028 година.

Бројките зборуваат сами за себе. Од јануари до денес, Керик го препороди тимот, бележејќи неверојатни 11 победи на 16 натпревари во Премиерлигата (собирајќи најмногу бодови од сите тимови во тој период), и го обезбеди посакуваното трето место кое носи Лига на шампиони.

Одговорноста да го водам нашиот посебен фудбалски клуб ме исполнува со огромна гордост. Време е да одиме напред заедно, со амбиција и јасна цел,“ порача Керик по потпишувањето на договорот.

Но, вистинската работа допрва почнува. Наредната сезона носи потежок распоред и предизвици во Европа. Според анализите на англиските медиуми, на Керик му е итно потребна поддршка во летниот преоден рок, особено во средниот ред (Каземиро заминува, а Угарте разочара), како и лев бек како конкуренција за Лук Шо. Дали легендата ќе го врати Јунајтед на старите патеки?

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено