Официјално: Матео Фадуил е нов ракометар на Вардар 1961!

 

Објавено:

Откако пред неколку дена претседателот на РК Вардар, Михајло Михајловски, го најави, денеска пристигна и официјалната потврда од клубот. Младиот и талентиран француски среден бек Матео Фадуил (23) е новото засилување кое треба да донесе креативност и брзина во играта на двојниот европски шампион за следната сезона.

Фадуил во Скопје пристигнува од францускиот прволигаш Трембле, каде оваа сезона игра во животна форма. Според официјалната статистика, тој е четврти најдобар стрелец во силната француска лига со 160 постигнати голови (60,15% реализација). Детали за неговиот ракометен пат, од ученик на Кирил Лазаров во Нант до повик за репрезентацијата на Франција, можете да прочитате во нашата претходна анализа: Од Нант до Скопје: Кој е Матео Фадуил, новиот среден бек на РК Вардар 1961?

Прва порака до „Комитите“

Во изјава за клупскиот сајт, младиот Французин не го криеше воодушевувањето од новиот предизвик и веднаш им испрати моќна порака на навивачите на Вардар.

„Здраво на сите! Навистина сум возбуден што доаѓам во овој историски ракометен клуб. Едвај чекам да се запознаам со сите неверојатни навивачи на Вардар и да му помогнам на тимот да победи на што е можно повеќе натпревари и да освои што е можно повеќе трофеи. Се гледаме наскоро, ајде да направиме арената да грми!“ порача Фадуил.

Со неговиот ангажман, Вардар 1961 официјално го затвори ростерот за следната натпреварувачка година. Претходно, „црвено-црните“ ги обезбедија потписите на Мохаб Абделхак, Милан Бомаштар и Леон Љевар, со што се очекува екипата под водство на Иван Чупиќ да биде значително посилна и поконкурентна на сите фронтови.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено