Олимписките игри со бизарна афера: Дали „надареноста“ е новиот допинг во ски-скоковите?

Објавено:

Кога мислевме дека во потрагата по „маргинални добивки“ видовме сè, зимските спортови нè демантираа на начин на кој ниту еден сценарист не би му текнало. Наместо во лаборатории, тајната на подолгиот лет за Олимпијадата во Милано-Кортина 2026 сега се бара кај пластичните хирурзи и тоа со инјекции директно во меѓуножјето.

Што поголем пенис, тоа подобро едро

Логиката е толку апсурдна што граничи со генијалност, но и со очај. Пред секоја сезона, ски-скокачите поминуваат низ 3Д скенери за да им се измери телото. Правилата на ФИС велат дека костимот мора да биде залепен за кожата.

Тука настапува „магијата“ на хијалуронската киселина. Со инјектирање во пенисот, спортистите вештачки си ја зголемуваат масата во тој предел. Кога скенерот ќе ја регистрира таа „дополнителна облина“, тие добиваат дозвола за поширок костим кај меѓуножјето. Во светот на аеродинамиката, тој вишок материјал делува како едро кое ве држи во воздух подолго од конкуренцијата.

Науката на „машкоста“: 2 сантиметри за 6 метри предност

Ова не е само кафеански муабет. Истражувањата на „Frontiers“ потврдуваат дека само 2 сантиметри разлика во ширината на костимот може да донесе фантастични 5.8 метри повеќе во должината на скокот.

Сандро Пертиле, „првиот човек“ на машките скокови, е дециден: „Секој сантиметар се брои. Ако костимот има 5% поголема површина, вие буквално летате“.

ВАДА меѓу смеата и истрагата

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) првично го прими ова со потсмев, но брзо сфатија дека работата е сериозна. Претседателот Витолд Банка вети дека „лично ќе испита“ бидејќи во неговата Полска овој спорт е култ, додека директорот Оливие Нигли предупреди дека иако хијалуронот не е на листата на забранети супстанции, неговата примена на овој начин директно го крши „духот на спортот“.

Ова е доказ дека патот до олимпиското злато е поплочен со болка и многу бизарни одлуки. Додека светот дебатира за технологијата на скиите, некои спортисти очигледно решиле дека „големината е важна“, но само поради аеродинамиката.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено