10.8 C
Skopje

Пејсерс потврдија: Халибертон ја пропушта целата следна сезона

Објавено:

Тајрис Халибертон, лидерот на Индијана Пејсерс и срцето на нивниот препород, нема да игра во сезоната 2025/26. Претседателот на клубот, Кевин Притчард, потврди дека ѕвездата на Пејсерс доживеала кинење на Ахиловата тетива во седмиот натпревар од финалето против Оклахома Сити Тандер.

Халибертон замина на операција веднаш по поразот кој значеше крај на соништата за шампионска титула. Операцијата поминала успешно, но клубот е решен да не ризикува со негово прерано враќање.

“Нема да игра следната сезона. Не сакаме да ризикуваме ништо. Неговата иднина е поважна од еден натпревар”, изјави Притчард.

И покрај тоа што влезе во серијата со повреда на листот, Халибертон одлучи да игра во одлучувачкиот меч, со срце поголемо од ризикот.

“Ми рече дека би го направил истото повторно. Но јас, ако знаев дека ќе се повреди, би ја жртвувал таа победа за неговата кариера”, искрено додаде Притчард.

Во негово отсуство, очекувано е Андру Немхард да ја преземе стартната улога на плејмејкер. Ветеранот Т.Џ. Меконел ќе продолжи како резервна опција, а минути би можел да добие и новиот пик на Пејсерс – Кам Џоунс.

Индијана останува без својот лидер, но со верба дека кога Тајрис ќе се врати ќе биде посилен од било кога.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено