Пелистер се раздели од тренерот Капинковски

Објавено:

Фудбалскиот клуб Пелистер вчера одигра нерешено со Шкендија во контраверзен меч кој заврши без голови, со резултат од 0:0. По овој натпревар од деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига, битолскиот клуб реши да се раздели од тренерот Димитар Капинковски.

Во соопштението објавено на официјалната веб страна на клубот, се известува јавноста дека соработката завршила спогодбено, а наскоро ќе биде официјално претставен и неговиот заменик на тренерската позиција.

“Клубот му се заблагодарува за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек од неговара кариера”, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

Капинковски оваа сезона дојде на местото на Срѓан Захариевски и клубот го водеше на 9 првенствени и 1 куп натпревар, на кои забележа 2 првенствени победи, 1 нерешен резултат и 6 порази, додека пак во Купот на Македонија забележа победа против екипата на Тетекс во 1/16 финалето.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено