Перез го одврзува ќесето: Реал Мадрид тргнува по наследникот на Крос и Модриќ

Објавено:

Реал Мадрид е во криза, а во „Кралскиот клуб“ конечно ја дијагностицираа болеста, недостатокот на креативност во средниот ред по заминувањето на Тони Крос и Лука Модриќ.

По дебаклот во Лисабон против Бенфика (пораз кој ги остави надвор од топ-8 во Лигата на шампионите), раководството на Реал, предводено од Флорентино Перез, призна дека планот за „смена на генерациите“ не вродил со плод. Според информациите на Cadena SER и новинарот Антон Меана, клубот подготвува значителна инвестиција за претстојниот трансфер прозорец, со единствена цел: носење на организатор на игра од светска класа.

Каде погреши „Кралот“?

Стратегијата беше јасна: младите сили како Чуамени, Камавинга, Валверде и Белингем требаше безболно да ги заменат легендите Касемиро, Крос и Модриќ. Сепак, реалноста е сурова. Иако физички доминантни, на овие играчи им недостасува она што го правеше Реал посебен, контрола на темпото, визија и лидерство.

„Ова е првпат да чувствувам дека луѓе од врвот на клубот признаваат дека планот за обнова на средниот ред пропаднал. Тие купија одлични играчи, но не најдоа вистински замени за профилот на Крос и Модриќ, истакнува Меана.

Чаби Алонсо беше во право?

Иронијата е во тоа што поранешниот тренер, Чаби Алонсо (кој беше отпуштен поради слаби резултати), наводно го предупредил Перез за овој проблем. Според реакциите на навивачите и шпекулациите, Алонсо инсистирал на носење на играч како Мартин Зубименди од Сосиедад, но неговото барање било одбиено со образложение дека тимот има доволно ѕвезди.

Кој е на листата на желби?

Сега, кога грешката е признаена, се отвора лицитацијата за новиот „мозок“ на Реал. Навивачите и експертите шпекулираат со неколку имиња кои би можеле да ја пополнат празнината:

  • Витиња (ПСЖ): Технички најсличен на Модриќ, но тешко достапен поради лошите односи меѓу клубовите.
  • Енцо Фернандез (Челси): Скапа опција, но профил кој нуди контрола и долги топки.
  • Бруно Гимареш (Њукасл): Докажан борец со одлична техника.
  • Нико Паз: Младиот талент кој беше продаден, но Реал има опција да го врати (иако е повеќе „десетка“ отколку организатор).

Додека ривалите се ситат на маките на шампионот, едно е сигурно, Флорентино Перез ретко греши двапати. Очекувајте „галактички“ одговор на пазарот многу брзо.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено