Пешевски пред стартот на „Жолтиот куп“: Ривалите се за почит, тука ја брусиме формата!

 

Објавено:

По успешното пристигнување во Винтертур и првиот одработен тренинг, македонската ракометна репрезентација е подготвена за првиот тест на „Жолтиот куп“.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски смета дека и покрај напорниот пат, тимот е фокусиран на задачата, финално воигрување пред ЕП.

„Кратко беше времето за адаптација по долгото патување, но успеавме да одработиме тренинг и да се фокусираме. Ќе се соочиме со селекции (Бахреин, Украина, Швајцарија) кои максимално ги почитуваме. Овие контролни натпревари ќе ни послужат за темпирање на формата и подобрување на играта во одредени сегменти, изјави Пешевски.

Првиот предизвик за избраниците на Лазаров е селекцијата на Бахреин, утре (8 јануари).


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено