Победа над невозможното: Либанецот Самер Таук со скршен колк и 9 операции се врати на Олимписките игри!

 

Објавено:

На Олимписките игри во Милано-Кортина 2026 се коваат медали, но оваа инспиративна приказна не доаѓа од победничкиот подиум, туку од патеките за крос-кантри скијање. Таму, со стартен број на градите и со видлива болка во секој чекор, се појави Самер Таук – човекот кој според сите медицински прогнози не требаше ниту да оди, а камоли да скија.

Падот од 14 метри кој му го промени животот

Патот на Самер започнал во Пјонгчанг во 2018 година, каде дебитирал како млад и надежен спортист. Но, само една година подоцна, во 2019 година, неговиот свет се срушил. При скијање во неговиот роден Либан, Таук доживеал ужасен пад од карпа висока 14 метри.

Билансот бил катастрофален: скршен колк, повеќе скршеници по целото тело и целосен шок за организмот.

Извор: https://laguida.it

„Никогаш повеќе нема да скијаш“

Следните месеци биле вистински пекол. Самер поминал три и пол месеци неподвижен во болнички кревет, поминал низ дури девет тешки операции и изгубил 17 килограми мускулна маса. Лекарите биле директни и сурови – според нив неговата кариера била завршена и му кажале дека скиите за него се минато.

Но, тие не го познавале неговиот менталитет. Со „челичен“ ум и неверојатна желба за живот, Самер почнал процес на рехабилитација кој изгледал како мачење. Секој тренинг бил борба со болката која сè уште ја чувствува во своето тело, бидејќи последиците од падот никогаш целосно не исчезнале.

Најголемата победа во Милано

Седум години по страшниот пад, Самер Таук повторно стои на олимпискиот снег. Тој не брка златен медал, не сонува за рекорди и веројатно нема да заврши на врвот на табелата. Но, за него, самиот старт е најголемата победа што еден спортист може да ја извојува.

„Можеби болката е тука, но желбата е поголема“, е пораката која Таук ја испраќа до целиот свет. Тој е живиот доказ дека олимписките вредности не се само во медалите, туку во храброста да се стане кога животот ќе те собори.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено