Препорачуваме: „Ова е Палермо“ – Документарец за душата на градот, фудбалот и вечната борба на Розанерите

Објавено:

Денес ви препорачуваме да го поминете денот со еден извонреден спортски документарец кој ги надминува границите на фудбалскиот терен, нурнувајќи длабоко во културата и идентитетот на еден од најфасцинантните градови во Италија, каде и ние самите имаме прекрасни сеќавања – Палермо.

Документарната серија „This Is“ на COPA90, продуцирана во соработка со клубот Палермо ФК, го носи името „Ова е Палермо“ („This Is Palermo“) и е емотивно патување низ историјата, отпорноста и нераскинливата врска помеѓу сицилијанскиот град и неговиот тим.

Феникс кој се крева од пепелта

Низ својата 125-годишна историја, Палермо доживеал многу моменти на „светлина и сенка“. Од тешки корпоративни проблеми и испаѓања во пониските лиги, до сегашното враќање во Серија Б. Оваа непоколеблива отпорност е клучен мотив на документарецот.

Самиот град Палермо станува протагонист, претставен како место со извонредна убавина, сместен меѓу морето и планините, каде што се преплетуваат култури од многу векови. Документарецот истражува како фудбалот станал универзален јазик кој ги обединува генерациите и ги надминува сите тешкотии.

„Оваа е отпорноста што ги анимира луѓето. Фудбалот е најавтентичниот израз на сицилијанската душа, способен да ги надмине сите потешкотии“.

Срцето на приказната: Оние кои дишат „Розанеро“

Во „Ова е Палермо“, клубот не е само екипа; тој е огледало на заедницата, а навивачите се срцето на наративот.

Документарецот ги става во центарот оние кои живеат и дишат за клубот, почнувајќи од симболиката. Се истражува наследството на Розанеро, славните розово-црни бои на Палермо кои се симбол на комплексниот и фасцинантен идентитет на градот.

Но, вистинската магија е во луѓето. Пред камерата застануваат уникатни ликови кои ја демонстрираат универзалната страст за фудбалот. Од свештеник кој ја спојува верата со фудбалот, до долгогодишни, тврдокорни поддржувачи од славната „Curva Nord“. Дури и љубовта го наоѓа своето место, преку приказната за еден пар кој одбрал да ја прослави својата заедница токму на тревникот на стадионот Барбера.

Емотивен центар на филмот е приказната за „Градскиот син“: Џакомо Корона. Тој е локално момче кое денес гордо го носи розово-црниот дрес. Неговата приказна е посебно значајна, бидејќи тој чекори по стапките на неговиот татко, кој во свое време играл за ривалските тимови на Палермо. Токму ваквите приказни ја доловуваат длабочината на врската меѓу клубот, семејството и градот.

Како што изјавија од клубот, документарецот е „извонредна можност да му се покаже на светот душата на градот, која 125 години ја придружува нашата страст кон боите, без разлика на спортските резултати“.

Уживајте во ова извонредно дело!

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено