Проблеми за Македонецот: Потврдена повреда на Столе Димитриевски, го пропушта крајот на 2025 година!

Објавено:

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се соочува со повреда и ќе го пропушти крајот на календарската 2025 година, потврди неговиот клуб Валенсија со официјален медицински извештај.

Според клупското соопштение, Димитриевски се здобил со повреда на адукторните мускули на десната натколеница.

„Играчот Столе Димитриевски се соочува со повреда на адукторните мускули на десната натколеница. Голманот на Валенсија ќе продолжи со медицински, физиотерапевтски и рехабилитациски третмани во спортскиот центар до неговото клиничко подобрување“.

Иако од клубот не даваат прецизна прогноза за неговото враќање, сигурно е дека македонскиот чувар на мрежата нема да биде достапен за вечерашниот натпревар од Купот на Шпанија против Спортинг Хихон. Димитриевски, кој обично беше прв избор на голот во Купот, веќе го пропушти вчерашниот тренинг.

Валенсија, покрај куп-мечот, ги очекува и последниот натпревар во Примера оваа година, против Мајорка.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено