Ракометарите се селат во Пореч: Следува контролен тест против Хрватска

Објавено:

Македонската ракометна репрезентација денеска ја менува базата за подготовки. По четиридневните воведни тренинзи во Скопје, експедицијата предводена од селекторот Кирил Лазаров во попладневните часови заминува за Хрватска, каде ќе се одвива втората фаза од подготовките за претстојното Европско првенство.

Во Пореч патуваат вкупно 20 ракометари. Составот сè уште не е комплетен, бидејќи голманот Мартин Томовски ќе се приклучи на тимот на 2 јануари, по новогодишните празници.

Клучниот момент од овој дел на подготовките е пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Хрватска, кој е закажан за 28 декември. Репрезентативците ќе останат во Пореч до 30 декември, по што се враќаат во Скопје. Следува кратка пауза за 31 декември и 1 јануари, пред финалната фаза и турнирот во Швајцарија (Винтертур) каде ќе се мерат силите со Швајцарија, Бахреин и Украина.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено