10.8 C
Skopje

Ракометна “бомба” во Скопје: Филип Талески го напушта Вардар по само неколку месеци!

Објавено:

Како “бомба” одекна веста која доаѓа од таборот на македонскиот ракометен вицепрвак. Иако сè уште нема официјална потврда од клубот, сите информации говорат дека разделбата е веќе готова работа, репрезентативниот лев бек Филип Талески го напушта Вардар по само неколку месеци од неговиот голем кам-бек во “црвено-црниот” дрес.

Втората епизода на крушевчанецот во Вардар, по враќањето од интернационалната кариера во Бенфика, завршува неславно и многу побрзо од очекуваното.

Според информациите, клучната причина за оваа ненадејна разделба е огромното незадоволство на Талески од минутажата, особено во нападот. Наводно, тој веќе неколку дена не тренира со тимот и веќе се поздравил со своите соиграчи, барајќи од управата спогодбен раскин на договорот.

Одлуката на Талески доаѓа во најмалку очекуван момент, кога Вардар игра беспрекорно. Тимот има перфектен биланс од 10 победи на 10 натпревари во домашниот шампионат и две победи во европските натпреварувања. Иако немаше значајна улога во нападот, тој беше важен дел од гранитната одбрана на “црвено-црните” која функционира беспрекорно од почетокот на сезоната.

Според неофицијалните информации, откако пропаднал обидот да се договори со ОхридТалески сега погледот го насочил кон Блискиот Исток, каде што наводно е во преговори со ракометен гигант од Кувајт.

Останува да се види официјалната потврда од клубот, но се чини дека втората љубов помеѓу Талески и Вардар заврши уште пред вистински да започне.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено