Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, денес објави дека спогодбено ја прекинале соработката со тренерот Раул Алонсо, но сè уште не е објавено кој ќе застане зад кормилото од идната сезона.
Според објавата на битолскиот клуб на социјалните мрежи, Раул Алонсо побарал да биде прекината соработката поради приватни причини и да се врати назад во Германија.
Од Пелистер му се заблагодарија на Шпанецот за досегашната соработка и успехот кој го постигнаа заедно, а се надеваме дека ќе успеат да најдат соодветна замена која ќе ги одведе оваа година подалеку во европскиот поход.




