Рејнџерс официјално потврди дека клубот се разделува со шефот на стручниот штаб, Расел Мартин, откако изминатиов период се соочија со огромен притисок од навивачите кои протестираа поради лошите резултати.
Од клубот соопштија дека, иако секој транзициски период бара време, резултатите не ги исполнуваат очекувањата на управата.
Заедно со Мартин, клубот ќе го напуштат и неговите помошници Мет Гил и Мајк Вилијамсон. “Расел и неговиот тим работеа исклучително напорно во текот на нивниот престој. Им благодариме за нивната посветеност и им посакуваме успех во иднина”, стои во соопштението на Рејнџерс.
MIOVSKI TAPS IN AT THE BACK POST! pic.twitter.com/SS9D8OdDG6
— Rangers Football Club (@RangersFC) October 5, 2025
На терен, шкотскиот гигант одигра 1-1 против Фалкирк во натпревар што повторно покажа нестабилна форма на тимот. Македонскиот напаѓач Бојан Миовски го доведе Рејнџерс во водство со својот прв лигашки гол за клубот, но домашните израмнија во финишот преку Хенри Картрајт, чиј удар се одби од Џон Сутар и заврши во мрежата.
Рејнџерс останува со само една победа во последните неколку натпревари, период кој, очигледно, беше пресуден за одлуката за смена на тренерот. Нови информации од клубот се очекуваат во следните денови.



