Седлоски: „Тешко е по серијата порази, но нема да застанам тука“

 

Објавено:

Седми натпревар по ред без постигнат гол, нов пораз во Скопје (0-2 од Шкотска), но селекторот Гоце Седлоски не размислува за оставка. По уште едно бледо издание на Арената „Тодор Проески“ во кое Македонија беше целосно надиграна, предводникот на националниот тим им честиташе на гостите и порача дека неговиот „процес“ продолжува.

Разликата во квалитет, според селекторот, била очигледна, особено во физичкиот дел и интензитетот на игра.

„Честитки за Шкотска, беа побрзи, помоќни во дуелите и затоа играат таму каде што играат. Против нивните премиерлигашки ѕвезди ние излеговме со тројца фудбалери од нашата Прва лига. Тешко е да се коментира по ваква серија на порази, навистина ме боли, но јас нема да застанам тука и ќе продолжиме со процесот“, изјави Седлоски по натпреварот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Македонија го загуби натпреварот уште во раната фаза, дозволувајќи му на противникот целосно да ја контролира играта. Седлоски призна дека тимот влегол со страв, што го натерало да направи две брзи замени и предвреме да ги повлече Лука Станковски и Херера.

„Во првите триесет минути игравме панично, Шкотска целосно ја презеде иницијативата и доминираше. Мислев дека Станковски и Херера ќе ја оправдаат довербата, но не одеа работите и затоа ги променив. Кога Лука влегуваше на претходните мечеви внесуваше живост, но сега не беше така. Мислам дека во последните 15-тина минути, со влегувањето на Дориев и Малески, успеавме малку да го раздвижиме тимот и да одиграме на некое ниво“, објасни прилепчанецот.

Запрашан за шансите на Македонија во продолжението од Лигата на нации, Седлоски даде искрена, но прилично песимистичка слика за нашите дострели во Б дивизијата, кревајќи ги рацете од борба со фаворитите.

„За швајцарскиот тим не треба да се трошат зборови, а видовме дека и оваа Шкотска е моќна репрезентација. Единствено со Словенија можеме да се носиме во оваа група. Можеби барем на домашен терен ќе можеме да им парираме на Словенците. Со другите е тешко“, заклучи македонскиот селектор.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено