Шкендија со 5,5 милиони евра и избор на најдобар настап во колото!

Објавено:

Македонскиот шампион Шкендија продолжува со извонредниот настап во Европа, кој вечерва беше крунисан со значајна победа од 2-0 против словачкиот претставник Слован Братислава во рамките на Конференциската лига на УЕФА.

Ова е повеќе од заслужен триумф за „црвено-црните“, кој освен што го зголеми рејтингот на клубот, го наполни и „џебот“ на тетовскиот тим. Со освоените три бода, Шкендија инкасираше нови 400.000 евра, со што вкупната сума заработена од европските настапи досега оваа полусезона достигна неверојатни 5,5 милиони евра!

На чекор до историска европска пролет

По пет одиграни натпревари, Шкендија е на извонреден пат да обезбеди европска пролет, што би било првпат во историјата за еден македонски клуб.

Во последното коло од лигашкиот дел од Конференциската лига, тетовци ќе гостуваат на АЕК Ларнака на Кипар. Таму ќе им биде неопходен само еден бод (реми) за сигурен пласман во елиминациската фаза. Дури и во случај на пораз, Шкендија ќе може да се надева на пласман во зависност од останатите резултати во групата.

Конкуренција за најдобар настап на колото

Импресивната победа на Шкендија не помина незабележано кај европската фудбалска јавност. Официјалните профили на Конференциската лига на УЕФА ја ставија македонската екипа во конкуренција за Најдобар настап на 5. коло (MD5).

Шкендија влегува во директна битка со ерменскиот клуб Ноа (Noah), кој исто така приреди големо изненадување. Оваа номинација е огромно признание за тимот и потврда за квалитетот на нивната изведба.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено