Скептицизам или ароганција? Италијанците ги разбеснија Босанците со славењето!

 

Објавено:

Италијанската репрезентација е на чекор до Мундијалот по победата над Северна Ирска (2-0), но наместо за играта на избраниците на Гатузо, светската јавност денес зборува за однесувањето на дел од фудбалерите по завршувањето на мечот во Бергамо.

Прослава која ги подели мислењата

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Федерико Димарко, Гуљелмо Викарио и Пио Еспозито бурно ја прославуваат победата на Босна и Херцеговина над Велс по изведувањето пенали. Сцените каде италијанските ѕвезди се радуваат по одлучувачкиот гол на Алајбеговиќ предизвикаа лавина негативни коментари, особено кај навивачите на нивниот следен противник.

Зошто славеа „аѕурите“?

Постојат неколку теории за ова необично славење, а најзастапената е дека Италијанците се радуваат бидејќи во финалето ќе се соочат со значително пониско рангиран противник, со оглед на тоа што БиХ е 66-та на ФИФА листата, додека Велс котира на 35-то место. Други сметаат дека се работи за чисто олеснување поради избегнувањето на „пеколот“ во Кардиф, каде Велс традиционално е речиси непобедлив. Сепак, не се исклучува ниту можноста дека играчите на Интер во таборот на Италија едноставно се радувале за успехот на својот поранешен соиграч и пријател, Един Џеко.

Босанците најавуваат одмазда во Зеница

Реакцијата од Босна беше брза и остра. На социјалната мрежа „X“, влијателниот профил Bosnian Football напиша:

„Погледнете го ова непочитување и ароганција од Италија. Веќе славеа по нашите пенали. Ќе го земеме ова предвид во Зеница!“.

Дури и дел од италијанските фанови ги критикуваа своите миленици, порачувајќи дека не треба да се слави предвреме и дека во фудбалот ароганцијата често се казнува. Финалето во вторник во Зеница сега добива сосема нова, тензична димензија.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено