Денес во Скопје и официјално беа извлечени групите за претстојното Светско првенство во училишен ракомет, чиј домаќин е нашата држава. Младинскиот ракометен крем ќе се собере во главниот град во периодот од 22 до 28 април, каде нашите кадетски селекции ќе се обидат да стигнат до висок пласман пред домашната публика.
Македонските репрезентации ги добија своите противници и ќе ги бранат боите на државата во следните групи:
Машка кадетска репрезентација – Група А
- Грузија
- Саудиска Арабија
- Бугарија
- Република Српска

Женска кадетска репрезентација – Група Ц
- Словачка
- Грузија
- Белгија
Организацијата на ваков голем настан е уште една потврда за ракометната традиција во Македонија, а за нашите млади ракометари и ракометарки ова ќе биде одлична можност за докажување на меѓународната сцена.
Среќно на нашите млади надежи!



