10.8 C
Skopje

Екс-Македонецот Шортс е крал на Париз!

Објавено:

Париз е новиот владетел на француската кошарка, а човекот кој го однесе клубот до првата историска титула е добро познато име за македонската јавност – Ти-Џеј Шортс.

Американецот, кој пред неполна година го носеше дресот на македонската репрезентација, одигра сезона од соништата и беше апсолутен лидер на својот тим. Во финалето на францускиот шампионат, Париз го совлада Монако, а Шортс уште еднаш докажа дека е играч за големи натпревари, носејќи го својот тим до најголемиот успех во клупската историја.

Неговата доминација беше очигледна во текот на целата сезона, каде што беше прогласен и за МВП на Еврокупот, натпреварување кое исто така го освои со парискиот клуб.

За жал на македонските навивачи, соработката со Кошаркарската федерација беше краткотрајна, па Шортс повеќе не е дел од нашиот национален тим. Додека Париз го слави својот нов херој, кај нас останува прашањето каков ас испуштивме од раце и каков пех е тоа што еден ваков лидер повеќе не игра за Македонија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено