По возбудливите бараж-дуели во кои визи обезбедија Босна и Херцеговина, Чешка, Турција, Шведска, ДР Конго и Ирак, конечно го имаме конечниот мозаик за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Ова ќе биде најмасовниот Мундијал во историјата со рекордни 48 репрезентации поделени во 12 групи. Форматот предвидува понатаму да одат првите две екипи од секоја група, заедно со 8-те најдобри третопласирани селекции, што значи дека нè очекуваат дури 104 натпревари полни со возбуда.
Мундијалски групи (СП 2026)

Кој е фаворит, а кој ќе изненади?
Светот со нетрпение чека да види дали Лионел Меси со Аргентина може да го одбрани тронот или пак Килијан Мбапе и Франција ќе се вратат на врвот. Сепак, очите ќе бидат вперени и во младите суперѕвезди како Ламин Јамал кој треба да ја предводи новата Шпанија.
Особено интересна е Групата З, каде Франција ќе се соочи со Халанд и неговата Норвешка, додека Хрватите повторно ќе имаат тешка задача во дербито против Англија во Групата Ј. Босна и Херцеговина, пак, ќе се спротистави на домаќинот Канада во Групата Б.

Следете нè: Facebook | Instagram | X



