Спуст: Фон Алмен недопирлив, Париз втор, Одермат без подиум

 

Објавено:

Швајцарската публика имаше причина за огромно славје викендов, бидејќи домашниот херој Франјо фон Алмен успеа да ја одбрани круната во спуст на патеката во Кранс Монтана. Во последната проверка пред заминувањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, младиот Швајцарец беше недопирлив за конкуренцијата, запишувајќи ја својата втора последователна победа на овој терен.

Со беспрекорно возење и време од 1:55.00, Фон Алмен ја „оддува“ конкуренцијата. Тој беше за дури 0.65 секунди побрз од второпласираниот, што во дисциплината спуст претставува огромна разлика и демонстрација на сила.

Италијанците се заканија, но Швајцарецот беше побрз

Второто место му припадна на италијанскиот ветеран Доминик Париз (1:55.65), кој иако не победи, беше исклучително задоволен што успеа да заврши пред лидерот во генералниот пласман, Марко Одермат. Подиумот го комплетираше Американецот Рајан Кохран-Сигл, кој го потврди враќањето во форма токму пред најважниот настан на сезоната.

На изненадување на многумина, доминаторот на сезоната, Марко Одермат, остана без пласман на подиумот, завршувајќи зад водечката тројка.

„Ова е важно за мојата глава пред Игрите“

Фон Алмен не го криеше воодушевувањето од победата пред домашната публика:

„Навистина ми се допаѓа патеката, лесна е за скијање, но тешка да се биде брз. Импресиониран сум од себеси што бев толку брз. Ова ми дава многу самодоверба. Беше навистина важно за мојата психичка подготовка и одам со одлично чувство кон Бормио и Олимпијадата, изјави победникот.

Со оваа трка завршуваат подготовките во Светскиот куп, а скијачкиот караван сега се сели кон Италија, каде што ќе се води битката за олимписките медали.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено