Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, го прекина молкот и јавно се изјасни за чувствителната ситуација околу Мохамед Салах и неговиот нарушен однос со клубот, откако Египќанецот јавно изрази фрустрација што е изоставен од првиот тим.
Џерард, во својот коментар за TNT Sports, ја истакна двојната природа на проблемот, покажувајќи разбирање за емоциите на Салах, но критикувајќи го начинот на кој ги изразил истите.
„Тој очигледно е многу вознемирен што не игра и јас тоа го почитувам. Тој сака да му помогне на тимот и тоа е за почит. Но, оние редови за ‘фрлање луѓе под автобус’, тоа не е вистина. Тоа треба да го среди со менаџерот (Арне Слот)“, изјави Џерард, повикувајќи на смирување на тензијата.
Легендарниот капитен на „Црвените“ јасно порача дека Ливерпул не може да си дозволи долготрајна криза со својот најдобар играч.
„На Ливерпул му треба Мо Салах назад во својата најдобра форма, да постигнува голови, бидејќи тој е најдобриот играч, најдобриот стрелец и ќе им помогне да излезат од оваа ситуација“, заклучи Џерард, потенцирајќи дека клубот мора да го врати својот најголем адут на теренот.
Гостинска статија на Марија Петровска
Следете нè: Facebook | Instagram | X



