Фортуната дефинитивно беше на страната на Македонија во Хернинг! Денешната ждрепка за баражот за Светското првенство 2027 во Германија ни донесе противник по мерка, но и неколку европски дерби пресметки за останатите селекции.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се борат за мундијалска виза против победникот од дуелот Украина – Словачка. Со оглед на тоа што во „шеширот“ демнеа сериозни нагазни мини како Србија или Црна Гора, ова е ждрепка која (на хартија) ни дава реални шанси за продолжување на континуитетот на големите натпреварувања.
Франција налета на „мина“, Србија против Унгарија?
Додека ние можеме да бидеме задоволни, ракометниот свет е во шок од двојката број 3. Ракометниот гигант Франција ќе има исклучително тешка задача против незгодната Чешка.
Интересно ќе биде и во дуелот каде Словенија го чека подобриот од Финска или Црна Гора, додека Унгарија најверојатно ќе се соочи со Србија (доколку тие ја поминат Литванија).
Еве го комплетниот преглед на сите бараж парови извлечени денеска:
Првите натпревари ќе се играат на 13/14 мај, а реваншите на 16/17 мај 2026 година.




