Презимето Ибрахимовиќ останува длабоко врежано во ДНК-та на Милан. „Росонерите“ официјално потврдија дека Винсент Ибрахимовиќ го стави својот потпис на првиот професионален договор со клубот.
Винсент Златан Сегер Ибрахимовиќ, кој е роден 2008 година и настапува во средниот ред, ќе биде дел од проектот „Milan Futuro“, иницијатива посветена на развојот на млади таленти.
Ибра-шоу во најава: Максимилијан чека деби за сениорите!
Ова е фантастична недела за семејството на легендарниот Златан. Додека помладиот Винсент станува професионалец, постариот брат Максимилијан (19) доби повик од Масимилијано Алегри за настап во италијанскиот Суперкуп.

Максимилијан, кој е крилен напаѓач, отпатува со првиот тим во Саудиска Арабија како замена за повредените првотимци и би можел да го запише своето сениорско деби против Наполи.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



