Трансферите на Реал Мадрид: Зошто „кралевите“ преспаа уште еден преоден рок?

Објавено:

Додека навивачите бараа засилувања за да се спаси сезоната, Реал Мадрид го затвори јануарскиот преоден рок со нула евра инвестиција. Ова е веќе традиција, а последното зимско засилување на клубот беше Брахим Дијаз во далечната 2019 година. Но, овојпат тишината зборува повеќе од кога било.

Хаос на теренот и на клупата

Јануари беше дебитантски месец за заборав. Чаби Алонсо доби отказ по поразот во Суперкупот од Барселона, а неговата замена, Алваро Арбелоа, започна со шокантна елиминација од Купот на Кралот од второлигашот Албасете. Капак на сè беше поразот од Бенфика (4-2), кој го исфрли Реал од топ 8 во Лигата на шампионите, принудувајќи ги на дополнителни бараж-натпревари.

Извор: https://www.realmadrid.com

Списокот на желби е долг, а составот „краток“

И покрај тоа што управата тврди дека тимот е комплетен, реалноста на теренот вели поинаку. По повредите на Милитао и Ридигер, одбраната „крпи“ со младиот Раул Асенсио кој игра нецелосно фит. Средината на теренот, пак, сè уште тагува по пензионираните Крос и Модриќ, за кого не беа понудени нови договори.

Клубот ги одби сите понуди од агенти во јануари, држејќи се до својот став дека зимскиот пазар е „прескап и неквалитетен“. Единствениот потег беше праќањето на младиот Ендрик на позајмица во Лион, откако Бразилецот речиси и да не добиваше шанса кај Алонсо.

Извор: https://football-italia.net/ {Marco Luzzani/Getty Images}

Што нè чека летово? Голема чистка и нови ѕвезди

Ако јануари беше тивок, летото мора да биде бурно. На радарот на Флорентино Перез се неколку звучни имиња:

  • Нико Паз: Реал планира да ја активира откупната клаузула од 9 милиони евра за да го врати своето „дете“ од Комо.
  • Алексис МекАлистер: Иако е тешко да се извлече од Ливерпул, Аргентинецот е голема желба уште од времето на Анчелоти.
  • Витиња и Енцо Фернандез: Желби кои се граничат со невозможна мисија поради договорите со ПСЖ и Челси.
  • Кис Смит: Младиот играч на АЗ Алкмар е новиот фаворит на скаутите, вреден околу 60 милиони евра.

На излезна врата се легендите кои веќе не се во плановите, како Давид Алаба и веројатно Дани Карвахал, на кого му истекува договорот.

Дали ова е само „затишје пред бура“ или Реал Мадрид влегува во опасна фаза на стагнација? Навивачите веќе го бараат одговорот и тоа со транспаренти против Перез.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено