Тур де Франс: Алафилип, транспарентот и едно незаборавно “извини”

Објавено:

Во еден од најемотивните моменти досега на Тур де Франс 2025, велосипедскиот спектакл доби неочекувана емотивна димензија. Сè се случи завчера, токму пред врвот на легендарниот Кол де Турмале, кога Жулијан Алафилип го зграби транспарентот на една навивачка и го стави под дресот.

Отпврин сите беа шокирани од потегот на велосипедистот кој и го искина транспарентот на девојката, но потоа откри дека го направил тоа само за да се загрее на замрзнувачкиот спуст.

Подоцна, кога откри што всушност пишува на него, “Ваут сè уште не знае, ама ќе се венчаме!”, францускиот ас веднаш ѝ се извини на девојката. Но тука не завршува приказната.

Вчера, девојката беше специјален гостин во падокот. Пречекана со насмевки и прегратки и од Алафилип, но и од Ваут ван Арт, кој очигледно дозна за “плановите”. Момент кој го потврдува најважното: вистинската убавина на велосипедизмот не е само во брзината, туку во човечноста.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено