Вембанјама се врати и доминираше: Сан Антонио со голем пресврт до 3-1 против Портланд

 

Објавено:

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се наоѓаат на само една победа до пласман во конференциското полуфинале, откако синоќа на гостински терен го совладаа тимот на Портланд Трејл Блејзерс со 114:93.

Натпреварот во „Мода Центарот“ имаше две сосема различни полувремиња. Домаќините одиграа одлично во првиот дел и на пауза заминаа со убедлива предност од 17 поени (58:41). Сепак, Сан Антонио покажа зошто е втор носител на Западот. Гостите го отворија третиот период со серија од 13:0, брзо ја стопија негативата, а во последната четвртина целосно го надиграа противникот (добивајќи ја со 40:19) за конечен триумф.

Најголемо внимание предизвика враќањето на Виктор Вембанјама. Откако го пропушти претходниот натпревар поради протоколите за потрес на мозокот, младиот Французин се врати на паркетот и забележа 27 поени, 11 скокови и дури 7 блокади. Најефикасен во победничкиот табор беше Деарон Фокс со 28 поени, 6 скокови и 7 асистенции.

Во редовите на Портланд се истакна Дени Авдија со 26 поени и 7 скокови, додека Џру Холидеј додаде 20 поени.

Серијата сега се сели во Тексас, каде Сан Антонио ќе има можност пред својата публика да ја затвори серијата во петтиот натпревар.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено