(Видео) Браќата Кошта ја срушија Шведска во 60-та минута за рекорден пласман на Португалија!

 

Објавено:

Ако некој се прашуваше кој е „најжешкиот“ тим на ова Европско првенство, одговорот стигна попладнево во Хернинг. Во натпревар кој личеше на холивудски трилер, Португалија славеше над моќната Шведска со 36:35, обезбедувајќи го својот најдобар пласман во историјата – петтото место во Европа!

Драма до последната секунда и „проектилот“ на Мартим

На три минути пред крајот, Португалија беше во амбис. Швеѓаните водеа со 34:32 и се чинеше дека искуството на петкратниот европски првак ќе пресуди. Но, тогаш на сцена стапија браќата Кошта. Франциско и Мартим ги постигнаа последните четири гола за својата земја, а Мартим Кошта со звукот на сирената го постигна својот деветти гол за делириум на португалската клупа.

Франциско Кошта е новиот „крал“ на стрелците

Со оваа партија, помладиот брат Франциско Кошта се искачи на врвот на листата на стрелци на турнирот со вкупно 61 гол, престигнувајќи го Матијас Гидсел. Иако имаат само 20 и 23 години, браќата Кошта веќе станаа икони на португалскиот ракомет, предводејќи ја оваа „нова“ репрезентација која не се плаши од никого.

Збогум за легендарниот Паличка

Овој натпревар имаше и емотивна нота за љубителите на ракометот. Големиот Андреас Паличка го одигра својот последен натпревар во дресот на Шведска. Легендарниот голман заминува во репрезентативна пензија по една кариера исполнета со медали, но денеска мораше да им честита на помладите и пополетно португалски момци.

„Ова е совршен крај за нас. Испишавме историја за нашиот спорт во Португалија. Она што го направивме е едноставно лудо! Се надевам дека ќе продолжиме по овој пат“, изјави пресреќниот пикер Луис Фраде.

Со овој резултат, двете репрезентации веќе имаат обезбедено директен билет за Светското првенство во 2027 година.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено