Вечерва на Европското првенство во ракомет, Португалија приреди вистинска лекција за своите соседи, победувајќи ја Шпанија со убедливи 35:27. Ова е првпат во историјата Португалија да ја совлада „Црвената фурија“ на завршница од едно Европско првенство!
Пред само два дена Шпанија ја воодушеви Европа со тактичката победа над Франција, но денеска во Малме изгледаа како целосно друг тим. Португалците, предводени од неверојатните браќа Кошта, буквално ги „претрчаа“ своите противници.
Шокантен старт и доминација на Валериo
Португалија го почна својот 50-ти јубилеен натпревар на ЕП со фуриозна серија од 6:0. Голманот Диого Валериo беше несовладлив, а браќата Кошта постигнаа 10 од вкупно 16-те гола на Португалија пред паузата.
Историски бројки: Само легендата Ресенде е пред нив!
Браќата Мартим (23) и Франциско (20) Кошта веќе се ракометни икони:
- Мартим Кошта: Со денешните голови стигна до вкупно 89 гола на ЕП, со што е втор најдобар стрелец во историјата на Португалија.
- Франциско „Кико“ Кошта: Веднаш зад брат му со 84 гола, а на ова првенство тој моментално е лидер на листата на стрелци со вкупно 53 погодоци.



