(Видео) „Црвено-белите“ го покорија Малме за европска пролет за Црвена Звезда, Астон Вила и Лион во осминафинале!

Објавено:

По одигрувањето на натпреварите од 7-то коло, веќе се познати првите патници во елиминациската фаза. Додека европските гиганти како Астон Вила, Лион и Фрајбург веќе си обезбедија место во осминафиналето, нашиот северен сосед слави нов голем успех на меѓународната сцена.

„Мистер“ Станковиќ има формула: Звезда обезбеди европска пролет!

Фудбалерите на Црвена звезда со минимални, но огромни 0:1 славеа на гостувањето кај Малме, со што официјално обезбедија пласман меѓу 24-те најдобри екипи во Лига Европа. Со овој 13-ти бод, тимот предводен од Дејан Станковиќ по третпат под негово водство обезбедува „европска пролет“.

Во последното коло на „Маракана“ против Селта Виго, Звезда ќе има шанса со победа да нападне дури и за место меѓу првите осум, што би значело директен пласман во осминафиналето.

Астон Вила и Лион без грешка кон ТОП 8

Астон Вила го потврди својот статус на фаворит со победата од 1:0 над Фенербахче во Истанбул. Првиот гол на Џејдон Санчо во дресот на Вила беше доволен за тимот на Унаи Емери да обезбеди место во осминафиналето на едно коло пред крајот.

Лион им се приклучи на Англичаните по тешката победа над Јанг Бојс (1:0) со голот на Мејтланд-Најлс, додека Фрајбург ја потврди германската доминација со триумф над Макаби Тел Авив (1:0). Овие три екипи, заедно со Ференцварош, Митјиланд и Реал Бетис, се првите кои го чекираа својот билет за следната фаза.

Останатите мечеви низ Европа

Болоња – Селтик (2:2): Со десет играчи на теренот по исклучувањето на Хатате, Селтик успеа да извлече бод во Италија, иако водеше со 0:2.

ПАОК – Реал Бетис (2:0): Грчкиот тим одигра храбро против фаворизираните Шпанци и со головите на Живковиќ и Гиакумакис дојде до голема победа.

Рома – Штутгарт (2:0): Николо Писили со два гола ги искачи „римјаните“ на шесттата позиција на табелата.

Фејенорд – Стурм Грац (3:0): Покрај поразот, Стурм Грац воодушеви со потегот да носи дресови со порака „Запрете го насилството врз жените“ поради забраната за рекламирање алкохол во Холандија.

Лига Европа, 7. коло резултати:

  • Малме – Црвена звезда 0:1
  • Фенербахче – Астон Вила 0:1
  • Јанг Бојс – Лион 0:1
  • Болоња – Селтик 2:2
  • Рома – Штутгарт 2:0
  • ПАОК – Реал Бетис 2:0
  • Викторија Плзењ – Порто 1:1
  • Брага – Нотингем Форест 1:0
  • Динамо Загреб – ФЦСБ 4:1
  • Ница – Го Ахед Иглс 3:1
  • Рејнџерс – Лудогорец 1:0

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено