(Видео) Да ти се збоктиса да излезеш на трибина…

Објавено:

Се сеќавате ли кога пишувавме за тунелот на стадионот во Болоња, кога гостинскиот тим на Салзбург се пошегува на своите социјални мрежи дека трае до бесконечност? Ако не, видете го тунелот тука… ако, имате време 🙂

Сега на ред е втор дел од сагата „Да ти се збоктиса…“. Овој пат во главна улога е тунелот на Галгенвард, стадионот на ФК Утрехт, кој води до гостинските трибини.

Видеото овој пат го споделија од фан страната на Нотингем Форест, клуб кој утре му гостува на холандскиот домаќин во рамките на Лига Европа.

За ова Болоња е експресен воз до рајот… 🙂

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено