(Видео) Дали Италија пак ќе остане без Мундијал? Пеколно второ полувреме за „Аѕурите“ во Зеница

 

Објавено:

Првото полувреме од финалниот плеј-оф натпревар за пласман на СП 2026 меѓу Босна и Херцеговина и Италија понуди вистинска драма на „Билино Поље“! Иако „Аѕурите“ имаат предност од 0:1, домашната селекција доминираше, а Италијанците во вториот дел ќе мораат да се бранат со играч помалку!

И покрај одличниот старт на Босна и ерупцијата од трибините, Италија дојде до водство во 15-тата минута. Катастрофалната грешка на голманот Васиљ, кој буквално му ја подаде топката на Барела, беше сурово казнета од Моизе Кин.

Сепак, Босанците не се предадоа. Креираа дури 13 удари кон голот на Донарума, наспроти само 2 на Италија. Вистинскиот шок за гостите дојде во 41-тата минута. Овојпат Донарума лошо дегажираше, а Алесандро Бастони, како последен играч во одбраната, направи непромислен прекршок за директен црвен картон.

Навивачите на социјалните мрежи веќе предвидуваат пекол за тимот на Џенаро Гатузо во второто полувреме. Дали Босна ќе успее да направи историски пресврт, или Италија некако ќе преживее за да избегне трето по ред отсуство од Мундијалите?

Следи пеколно второ полувреме во Зеница!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено