Вистинска драма на „Бентегоди“! Интер ја продолжи потерата по врвот во Серија А, но мораше да чека буквално до последниот напад за да ја скрши Верона со 1-2.
Мечот беше полн со возбудувања и две вистински „магии“. Пјотр Зиелински донесе водство за Интер во 16. минута со спектакуларен волеј по корнерот на Чалханоглу, сместувајќи ја топката под пречката.
Верона одговори со слично ремек-дело. Во 40. минута, младиот Жиоване одлично го „измести“ Бастони и со моќен удар го матираше Зомер за 1-1.
Домаќините дури и ја погодија стативата преку Орбан пред полувремето. Кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, следеше шок во 90+4. минута. По еден центаршут од десно, Матијас Фресе несреќно ја зафати топката и ја смести во сопствената мрежа за болен автогол и голема победа на „Нероаѕурите“.
ABBIAMO.
— Inter ⭐⭐ (@Inter) November 2, 2025
VINTO. pic.twitter.com/wiKwkIGZpF


