(Видео) Епско финале во Катар: Мароко со пресврт во 100. минута го освои Арапскиот куп!

Објавено:

Мароко е новиот шампион на ФИФА Арапскиот куп! Во епско финале одиграно на стадионот „Лусаил“ во Катар, „Атласките лавови“ со неверојатен пресврт и победа од 3-2 (по продолженија) против Јордан се искачија на тронот.

Ова е втора титула во историјата на натпреварувањето, откако Алжир славеше на инаугуралното издание во 2021 година.

Танaнe најави спектакл, Олван го шокираше фаворитот

Натпреварот започна спектакуларно. Усама Танане го отвори резултатот во 4. минута со „проектил“ од далечина – гол кој сигурно ќе конкурира за наградата „Пушкаш“. Сепак, Јордан покажа заби. Предводени од најдобриот стрелец на турнирот, Али Олван, тие направија целосен пресврт. Олван прво израмни во 48. минута, а потоа од пенал во 68. минута донесе предност од 2-1 за аутсајдерот.

Хамед Алах – човекот одлука

Кога се чинеше дека Јордан ќе направи сензација, на сцена стапи ветеранот Абдеразак Хамед Алах. Тој најпрво израмни во 88. минута, враќајќи го Мароко од „мртвите“. Драмата продолжи во продолженијата, каде Хамед Алах во 100. минута постигна уште еден гол за конечни 3-2 и големо славје на Мароканците.

Бизарност во борбата за трето место: Саудиска Арабија и ОАЕ ја поделија бронзата!

Пред финалето, требаше да се одигра натпреварот за третото место помеѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Сепак, поради силното невреме и дождот во Катар, натпреварот беше прекинат и откажан. ФИФА донесе одлука мечот да се регистрира како 0-0, а двете репрезентации да го поделат третото место и паричната награда.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено