(Видео) Ерозија на спортот, Сидни Свини се соблече за обложувалница, вистинските спортистки возвратија со жесток удар!

 

Објавено:

Сведоци сме на невидена ерозија на спортот, но и на секоја општествена пора на живеењето. Најновата рекламна кампања на американската апликација за спортско обложување Новиг, во која главна ѕвезда е холивудската актерка Сидни Свини, предизвика вистинска бура и гнев низ целиот свет.

Во едноминутното видео, актерката е речиси целосно гола, позирајќи со фудбалски топки и седејќи на кошаркарски обрач. Ова е класичен пример за тоа како индустријата за обложување користи евтин маркетинг и чиста експлоатација за да го киднапира спортот и да профитира преку сексуализација.

Остро предупредување од вистинските хероини во спортот

Реакцијата од спортскиот свет, особено од врвните спортистки, беше брза и жестока. Тие го кренаа својот глас против ваквото деградирање на женскиот спорт, потенцирајќи дека годините пот, крв и одрекување не смеат да бидат сведени на евтин трик за привлекување обложувачи.

Американската гимнастичарка Грејси Крамер прва возврати објавувајќи видео од нејзините напорни тренинзи со пораката: „Не знам што правеше Сидни Свини, но вака изгледа вистинска жена во спортот.“

Британската спринтерка Ејми Хант, веднаш по нејзината трка на 200 метри, директно се обрати во камерата на Би-Би-Си: „Мускули. Напорна работа, крв, пот и солзи. Ова е тоа што го претставуваат жените во спортот!“

На критиките се надоврза и четирикратната олимписка шампионка во пливање, Ариарне Титмус, која изјави дека е вознемирена од рекламата, нарекувајќи ја „удар во лицето на секоја жена која го посветила животот на усовршување на својот занает“.

Спортот е наследство, а не производ за казина!

Ние во Спортска Станица длабоко веруваме дека спортот е славење на човековиот потенцијал и мост што обединува. Како што јасно стои во нашиот Вајт Пејпер, ние ја отфрламе културата на искористување на спортот за промоција на обложувалници, казина и брзи кредити. Нашето ветување е, Без реклами за обложување. Засекогаш.

Оваа скандалозна реклама е токму она против кое се бориме, профитот и алчноста никогаш не смеат да бидат пред чистотата на играта. Младите спортисти заслужуваат платформа која ги инспирира, а не простор каде нивната љубов кон спортот се манипулира за туѓи милиони. Спортот ќе го заштитиме само ако застанеме рамо до рамо со вистинските спортисти.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено