Викендов српскиот фудбалски клуб Партизан го прослави својот 80 годишен јубилеј, а по тој повод беа пречекани од нивните навивачи во Приједор на спектакуларен начин.
Најпрво навивачите со бакљи го испишаа бројот 80 пред стадионот, а потоа направија и “огнен обрач” внатре во стадионот. Поради густиот чад натпреварот против Војводина мораше да биде одложен, а прославата продолжи во текот на целиот натпревар.
Снимките од нивната прослава го обиколија светот, а погледнете како изгледаше атмосферата.
View this post on Instagram



