Сезонава во МЛС беше одлична за Лионел Меси во боите на Интер Мајами, а тоа се заокружи со последниот меч денес на гостувањето кај Нешвил. Клубот од Мајами победи со 5-2, а три од тие голови му припаднаа токму на Меси.
Со хет-трикот и едната асистенција на мечот, Аргентинецот стигна до бројката од 29 погодоци и 19 асистенции во 28-те мечеви сезонава, со што беше избран за МВП на сезоната втор пат по ред. Ова е прв пат во историјата на МЛС лигата некој да успее две последователни години да биде избран за најдобар играч на сезоната.
Инаку, оваа година Меси немаше постигнато гол од белата точка во текот на целата сезона, сè до неговиот 28 гол, кој го постигна од пенал на денешниот натпревар.

Во борбата за освојување на Златната копачка, Меси со неговите 29 погодоци и вкупно 48 учества во гол, ги победи Денис Боуанга од ЛАФЦ (24 гола) и Сем Сариџ од Нешвил (24 гола).
Втората целосна сезона за Меси во МЛС беше одбележана и од други рекорди и историски перформанси. Аргентинецот стана првиот играч во МЛС лигата кој забележал 10 натпревари во кои постигнал по повеќе од еден гол, со што го сруши претходниот рекорд на Стерн Џон Мамаду Дијало и Златан Ибрахимовиќ, кои постигнаа повеќе погодоци во 8 натпревари.
Погледнете го хет-трикот за заокружување на уште една успешна сезона!
GO-LA-ZOOOO DE LIONEL 🤩🪄 pic.twitter.com/NbpbPhMMLf
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) October 18, 2025
GOAL FROM HIM AGAIN!! ⚽️🔥 pic.twitter.com/JJ9aoLpPxa
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) October 18, 2025
GOOOOL! Hat-trick del 10 🎩✨ pic.twitter.com/Ybnql8Uo8s
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) October 19, 2025