(Видео) Хрватска се спаси од срам: Тешка победа над Грузија на стартот во Малме

 

Објавено:

Европското првенство 2026 започна со голема возбуда во групата Е во Малме. Фаворизираната Хрватска, и покрај проблемите, успеа да ја совлада жилавата Грузија со 32-29 (15-14 на полувреме) во натпревар кој понуди многу повеќе неизвесност отколку што покажува конечниот резултат.

За Хрватска, која е актуелен светски вицешампион, ова беше тест на карактерот во првиот меч без легендарните Дувњак, Карачиќ и Пешиќ. Грузија, во својот само втор настап на ЕП, покажа дека не е дојдена на екскурзија.

Грузијците водеа 27 минути, Хрватска се мачеше

Натпреварот започна шокантно за избраниците на Дагур Сигурдсон. Грузија, предводена од фантастичниот Гиорги Цховребадзе, во 17-тата минута имаше неверојатна предност од 11-5! Хрватскиот напад делуваше збунето, а одбраната порозно.

На Хрватска ѝ требаа повеќе од 10 минути и промени во составот за да се консолидира и конечно да израмни на 12-12 во 27-тата минута, заминувајќи на одмор со минимални +1.

Мартиновиќ и Шоштариќ го скршија отпорот

Второто полувреме донесе израмнета битка. Хрватска поведе со 18-13, но Грузија експресно се врати во игра. Се играше гол за гол до самиот финиш.

Клучната разлика ја направија индивидуалните квалитети на Марио Шоштариќ, кој беше незапирлив со 8 гола (играч на натпреварот), и Иван Мартиновиќ (4 гола), кој со погодокот за 31-28 во последната минута ја запечати победата.

  • Хрватска: Шоштариќ 8, Циндриќ 6, Мартиновиќ 4. Голмани: Кузмановиќ 4, Мандиќ 3 одбрани.
  • Грузија: Цховребадзе 7, Дихаминџија 6. Голман: Цинцадзе 8 одбрани.

Оваа тешко извојувана победа е 12-та за Хрватска на отворањата на Европските првенства, но и сериозно предупредување дека на ова ЕП нема лесни противници.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено