(Видео) Интер се провлече против Лече, ВАР го „сопре“ Наполи против Парма

 

Објавено:

Денешната програма во италијанскиот шампионат донесе две сосема различни приказни за фаворитите. Додека Кристијан Киву со Интер најде начин да ги освои трите бода, Наполи на својот „Диего Армандо Марадона“ не успеа да ја пробие одбраната на Парма.

Интер 1-0 Лече: Пио Еспозито е херојот на Киву

Интер стигна до трите бода на „Џузепе Меаца“ во натпревар кој нема да се памети по убавина, но ќе се памети по дебитантскиот гол на младиот Франческо Пио Еспозито. Кристијан Киву направи одличен потег кога во второто полувреме го повлече невидливиот Бони, а го внесе младиот напаѓач кој ја донесе победата.

Играч на натпреварот беше Пјотр Зиелински, кој во отсуство на Хакан Чалханоглу одлично ја диригираше играта како „региста“. Лече имаше свој херој во голманот Фалконе, кој со шест извонредни одбрани ги држеше гостите во игра до самиот финиш.

Наполи 0-0 Парма: ВАР и милиметарски офсајд го фрустрираа Мектоминеј

Наполи го забележа третото последователно реми во Серија А, овојпат против цврстата Парма. Тимот кој денес го водеше помошникот на Антонио Конте (поради црвениот картон на главниот тренер) имаше неколку одлични шанси, но мрежите мируваа.

Клучниот момент се случи во првото полувреме кога Скот Мектоминеј конечно ја затресе мрежата по една мешаница, но радоста на „Партенопеите“ траеше кратко. ВАР технологијата покажа дека Пасквале Мацоки бил во офсајд од само неколку милиметри на самиот почеток на акцијата. Дебитантот на голот на Парма, Филипо Риналди, имаше вечер за паметење со неколку клучни интервенции по ударите на Ланг и Хојлунд.

Следете нè: Facebook | Instagram | X


 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено