(Видео) Интер со Лаутаро Мартинез до врвот на Серија А, Фиорентина остана без победа!

Објавено:

Интер одигра моќен натпревар против Комо 1907 и го совлада со убедливи 4-0 на „Сан Сиро“, со што привремено се искачи на врвот на табелата во Серија А.

„Нероаѕурите“ доминираа во мечот од 14. коло, а апсолутен херој на вечерта беше капитенот и напаѓач, Лаутаро Мартинез, кој го постигна првиот гол и беше прогласен за Играч на натпреварот.

Лаутаро е најдобар стрелец!

Лаутаро Мартинез ја отвори гол-серијата во 11. минута. По ниската топка од Луис Енрике, Аргентинецот одлично се постави и со прецизен удар со десната нога ја смести топката во мрежата покрај голманот Жан Бутез.

Со овој гол, Мартинез стигна до седум гола во тековната сезона во Серија А и се искачи на врвот на листата на стрелци, пред Рикардо Орсолини. Броејќи ги сите натпреварувања, аргентинскиот напаѓач сега има 13 гола оваа сезона.

Интер доминираше до крајот, а триумфот го потврдија Маркус Турам, Хакан Чалханоглу и Карлос Аугусто за конечни 4-0.

Претходно, Сасуоло приреди пресврт и ја победи Фиорентина (која останува без победа) со 3-1, иако „Виола“ прва поведе. Головите за Сасуоло ги постигнаа Кристијан Волпато, Тарик Мухаремовиќ и Исмаел Коне. Фиорентина е во сериозна криза, со 25 бода помалку отколку во овој период минатата сезона, а неодамна го ангажираа Паоло Ваноли на местото на отпуштениот Стефано Пиоли.



Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено