9.8 C
Skopje

(Видео) Како помина првиот ден на ЕМОФ Скопје!

Објавено:

Македонија е домаќин на Европскиот младински Олимписки фестивал, а вчера на повеќе локации низ Скопје младите спортисти се натпреваруваа во категории како атлетика, банминтон, кошарка, ракомет, стрелаштво, пливање и одбојка.

Од најзначајните моменти на првиот ден од игрите, се рушењето на светскиот рекорд во скок со стап кај девојчиња до 18 години, каде младата Естонка Алика Инкери Мосер скокна 4.52 метри, како и рушењето на европскиот рекорд на 10 метри стрелаштво, од страна на Елиф Берфин Алтун која го предводеше својот дим кон победата во категоријата девојчиња.

Од македонските спортисти, најзабалежителен настап имаа Неда Миленковска во 200 метри пеперутка, која се избори за влез во полуфиналето, а Дамјан Станковски постави нов државен рекорд до 14 години на 200 метри градно пливање со време од 2.35:41.

Во тимските спортови македонските тимови не остварија особен успех, а убедливо изгубија во ракомет, кошарка и одбојка во машка и женска конкуренција.

Погледнете ги најинтересните моменти од првиот ден на ЕМОФ.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено