(Видео) Каква драма, какви 100 минути фудбал на Олд Трафорд! Манчестер Јунајтед Борнмут 4-4!

Објавено:

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија вистински трилер на „Олд Трафорд“, кој заврши без победник, но со дури осум постигнати погодоци (4-4). Двата тима водеа и се враќаа од негатива во еден од највозбудливите натпревари на сезоната.

Натпреварот започна со силен притисок од фудбалерите на Јунајтед, кои во првите десет минути упатија шест удари кон голот на гостите. Тоа резултираше со ран погодок во 13. минута, кога Амад Диало, поставен на понапредна позиција од тренерот Рубен Аморим, ја затресе мрежата. Јунајтед замина на пауза со предност од 2-1.

Извор: https://x.com/ManUtd

Меѓутоа, водството на домаќините испари во првите седум минути од продолжението, кога Еванилсон и Маркус Таверние успеаја да направат комплетен пресврт за Бурнмут.

Драмата продолжи, а Јунајтед успеа повторно да го сврти резултатот во своја полза за само две минути! Најпрво, Бруно Фернандеш израмни со фантастичен прецизен слободен удар, а веднаш потоа Матеус Куња ја погоди мрежата за второ водство на „црвените ѓаволи“.

Сепак, борбениот Борнмут не се предаде. Шест минути пред крајот, 19-годишниот Ели Јуниор Кроупи постигна израмнувачки гол, поставувајќи ги конечните 4-4.

До крајот на мечот, двата тима имаа вкупно 38 удари кон голот. Во судиското продолжение, голманот на Јунајтед, Сене Ламенс, со две маестрални интервенции го спаси својот тим од пораз по опасните удари на Дејвид Брукс.

Ова реми го чинеше Манчестер Јунајтед влез во Топ 5 на табелата. Борнмут, иако остана на 13. позиција, со освоениот бод ја продолжи серијата на седум натпревари без победа.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено