(Видео) Мајсторија од Аргентина: Сантијаго Монтиел ја освои наградата „Пушкаш“ за 2025 година!

Објавено:

Наградата „Пушкаш“ (FIFA Puskás Award 2025), која се доделува за најубав гол во годината, замина во рацете на Аргентинецот Сантијаго Монтиел!

Крилото на Индепендиенте е награден за неговиот брилијантен, акробатски гол со ножички постигнат на натпреварот од аргентинската Лига Професионал де Фудбал против Индепендиенте Ривадавија на 11 мај 2025 година.

Голот, кој со право беше наречен „голазо“, беше постигнат со неверојатен зафат: 25-годишниот Монтиел, кој инаку е братучед на аргентинскиот херој од Светското првенство, Гонзало Монтиел, со левата нога испрати вистински ласер од ножички од надвор од шеснаесеттникот, пркосејќи им на законите на физиката.

„Не размислував многу, само ја удрив топката“, изјави Монтиел по неговиот супер-гол.

Магичниот момент на Монтиел беше избран меѓу десет други спектакуларни кандидати. Тој станува втор последователен Аргентинец кој ја освојува оваа награда, продолжувајќи по стапките на Алехандро Гарначо, кој беше победник во 2024 година.

Наградата го носи името на легендарниот унгарски напаѓач Ференц Пушкаш и ги слави најспектакуларните индивидуални погодоци постигнати во квалификацискиот период (11 август 2024 до 2 август 2025).

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено