11.8 C
Skopje

(Видео) Македонецот доминира: Нов гол од пенал и асистенција за Дориев

Објавено:

Љупче Дориев продолжува со неверојатните настапи во Узбекистан. Македонскиот офанзивец повторно беше човек на одлука за својот тим Согдијана, водејќи ги до убедлива победа од 3-0 на домашен терен против Кизилкум.

Струмичанецот го отвори шоуто уште во 14. минута, кога беше прецизен од белата точка за да го отвори резултатот.

Тоа не беше сè. Во 34. минута, Дориев влезе во улога на асистент, кога одлично го проигра Рубин Хебај за 2-0.

Со овој настап, Дориев стигна до импресивни бројки оваа сезона: 15 постигнати голови и 6 асистенции во шампионатот.

Како што веќе пишувавме во нашето Досие Спортска Станица: Љупчо Дориев, станува збор за играч кој дефинитивно игра во животната форма.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено