(Видео) Македонија подготвена за европскиот предизвик!

Објавено:

Ракометната еуфорија повторно ја зафаќа Македонија! Нашите ракометари ги финализираат последните подготовки пред стартот на Европското првенство, а Ракометната федерација на Македонија преку видео ги сподели моментите од последното „гланцање“ на формата.

Избраниците на Кирил Лазаров влегуваат со голема мотивираност и нова енергија, подготвени да се соочат со европскиот крем. Пред нас е исклучително тешка група, но македонските ракометари неброи пати досега докажале дека срцето на теренот е нивниот најголем адут.

Распоред на натпреварите во групата:

Патот на Македонија започнува со најтешкиот можен противник, светскиот првак Данска, а потоа следуваат клучните битки за пласман во следната фаза:

  • 16.01. 🇲🇰 Македонија – Данска 🇩🇰 (20:30ч)
  • 18.01. 🇲🇰 Македонија – Португалија 🇵🇹 (18:00ч)
  • 20.01. 🇲🇰 Македонија – Романија 🇷🇴 (18:00ч)

Време е повторно да ги извадиме знамињата и да бидеме „седмиот играч“ на оваа млада и амбициозна генерација.

Погледнете како течеа последните подготовки:

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено