Екипата на Борусија Дортмунд ја продолжи одличната форма во германската Бундеслига, запишувајќи победа од 2-0 во дуелот со имењакот Борусија Менхенгладбах на „Сигнал Идуна Парк“.
Избраниците на Нико Ковач, кои имаат само еден пораз цела сезона, доминираа од самиот почеток и брзо стигнаа до предност.
Брант со волеј, Баер со печат во финишот
Резултатот беше отворен уште во 10. минута. Јулијан Брант ја искористи одличната асистенција на Никлас Зиле и со прецизен волеј удар погоди за 1-0. Домаќините имаа шанси и порано да го решат мечот преку Адејеми и Гираси, но голманот на гостите, Мориц Николас, имаше неколку одлични интервенции.
Точка на натпреварот беше ставена дури во 97. минута (90’+7). Резервистот Максимилијан Баер, кој влезе во игра на местото на Адејеми, ја искористи асистенцијата на Фабио Силва за конечни 2-0.
Брант беше прогласен за играч на натпреварот со освоени 41% од гласовите на навивачите.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



