Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја потврдува својата одлична форма и на европска сцена. Вечерва, во рамките на 6. коло од Лигата на Европа, нашиот напаѓач го доведе шкотскиот гигант Ренџерс во водство на жешкото гостување против Ференцварош.
Моментот на одлука се случи во 27-мата минута. По блокираниот удар на Данило, топката стигна до Миовски кој беше на вистинското место во срцето на шеснаесетникот. Без многу размислување, тој со полу-ножички мајсторски ја затресе мрежата за 0-1.
Иако имаше кратка проверка од ВАР собата за потенцијален офсајд, голот беше потврден, а Миовски уште еднаш докажа дека е „килер“ во казнениот простор.
Ова е голем импулс за самодовербата на Бојан, кој полека но сигурно станува незаменлив дел од нападот на тимот од Глазгов.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



